Се урна руски воен авион, настрада воен оркестар Александров

Руски воен авион во кој се наоѓале 91 лице, се урна во Црно море, пренесува ББС, а објави руското министерство за одбрана.

Авионот се изгубил од радарот 20 минути по полетувањето од Сочи.

Министерството за одбрана соопшти дека авионот ТУ-154 превезувал персонал, а меѓу  нив членовите на познатиот воен оркестар Александров и новинари.

Авионот требало да лета до сирсиската провинција Латакија.

Полетал од Москва , а во Сочи се спуштил за да дополни гориво.

Министертвото за одбрана соопшти дека делови од авионот се пронајдени на еден и пол километар од брегот на Црно море.

Портпаролот на министерството изјавил дека авионот превезувал екипа заедно со воениот бенд , кои требало да изведат новогодишна приредба за руските трупи распоредени во Сирија .

АКО.мк актуелно-објективно