Најмалку 37 луѓе од кои 4 членови на екипажот на еден турски товарен авион загинаа откако тој се урна во населено место блиску главниот град на Киргистан. Авионот летал од Хонгконг до Бишкек, по што било планирано да го продолжи летот кон Истанбул. Се урнал на неколку километри од пистата каде требало да слета во услови на густа магла.

При уривањето авионот уништи најмалку 32 станбени објекти, а меѓу загинатите жители на населбата има 6 деца.