СЗО: Најмногу заразени во последното деноноќие од почетокот на пандемијата

Светската здравствена организација пријави најмногу заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата на коронавирус, дури 183.020 регистрирани на светско ниво.

Како што се наведува во дневниот билтен, најголем пораст има во земјите од Северна и Јужна Америка, повеќе од 116.000 случаи.

Досега во светот се заразени речиси 9 милиони луѓе, починаа 480.000.

И натаму САД е земја со најмногу заразени и починати.

Заразени се 2 и пол милиони луѓе, починаа 122.000 луѓе.

Болеста досега ја победија 4,7 милиони луѓе.

Насловна: Ковид болница на стадион во Бразил