СЗО прогласи пандемија, кај нас уште две лица заразени од корона вирус

Светската Здравствена Организација прогласи пандемија, како последица од ширењето на корона вирусот речиси во сите земји во светот.

,,СЗО ја следеше ситуацијата од минута во минута и длабоко сме загрижени од брзината со која се шири корона вирусот во светот. Затоа решивме да објавиме дека ширењето на КОВИД 19 може да се карактеризира како пандемија“, соопшти СЗО.

Пандемија значи дека епидемијата е проширена на глобално ниво. Постојат уште две причини за прогласување на пандемија, а тоа се дека се работи за нов вид болест и бројот на смртни случаи предизвикани од корона вирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави дека уште две лица од дебарско се позитивни на корона вирусот. Тие се соседи на заболените сопружници.