СЗО ја повика Србија да воведе целосна забрана за пушење на јавни места

Светската здравствена организација ја повика Србија да воведе целосна забрана за пушење на јавни места и во затворени простории, информира РТС.

Во пресрет на одбележување на 31 јануари, Ден без чад од цигари, претставникот на СЗО во Србија, Жофија Пустаи, изјави дека е крајно време Србија да го следи модерниот свет и да воведе целосна забарана за пушење во и на јавен простор.

Србија е една од ретките земји во Европа каде сѐ уште се пуши во работни простории и угостителски објекти.

Претставничката на СЗО повика да се зголеми акцизата на цигари, но и да воведе сликовни прикази за штетноста од никотин.

Седум милиони луѓе годишно умираат од последици на пушење, додека во Србија дури 15.000 луѓе годишно умираат од заболување на респираторни органи и други болести предизвикани од употреба на цигари.