Силен ветер преврте хрватски автобус во Германија

Осум лица се повредени, од кои две потешко, кога хрватски автобус се преврте на автопат во Германија при налет на силен ветер, известува дневник.хр.

Автобусот се првртел на пат кон Штутгард. Тешко е повреден возачот (48) на автобусот и уште еден 53 годишен патник.

Сообраќајницата Б10 беше затворена неколку часа за сообраќај поради силниот ветер.