Силна бура над Атина зароби луѓе во нивните домови и автомобили(видео)

Вчера попладне, Атина беше зафатена од неверојатна бура, која зароби десетина луѓе во нивните автомобили или домови.

Службите за итна помош, примиле над 30 повици од луѓе кои панично барале некој да им помогне. Противпожарни единици патролираа и бараа луѓе во неволја, а паничните јавувања од разни делови на градот им ја отежнуваше работата во лоцирање на оние што навистина им треба помош.

На крајот, откако престанала бурата, луѓето сепак безбедно си заминале дома.

Деновиве, областа Атика во Грција, по пожарот, се наоѓа на удар на разни силни временски непогоди.