По изборот за кандидат на ВМРО ДПМНЕ за Претседател на Република Северна Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова им се обрати на делегатите на конгресот на партијата и на граѓаните:

,,Денеска ја повикав ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во Македонија да се обединиме со сите што се наоѓаме во заедничкиот фронт понижени, омаловажени, длабоко навредени од неодговорните потези на заевизмот.

Обединувањето на кое што ќе работиме сите заедно без разлика на етничка, верска, полова или било која друга припадност најпрвин ќе донесе победа на претседателските избори. Поддршката од најголемата партија ми дава обврска да го штитам најважното: владеењето на правото, законите треба да се во рамките на Уставот.

Власта треба да биде од народот, за народот и на народот! Претседателот треба да биде прв во тоа! Јас многу сум добила од Македонија и сега е време да и вратам за тоа!

Да сте сите живи и здрави!

Со почит
Гордана Силјановска Давкова“