Симулацијата на ДИК покажа дека е можна промена на резултатите во ИЕ 6

Дефинитивно ќе има прегласување во Теарце на Избирачко место 2011. Ова следува по одлуката на Управен суд да ја прифати тужбата на СДСМ откако ДИК го одбо приговорот, но и по направената симулација од стручните служби во ДИК кои покажуваат дека е возможно да дојде до промена на резултатите.

Прегласувањето ќе се спроведе во недела на 25 декември 2016 година.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

Според првичните резултати на ДИК, во ИЕ 6 разликата во гласови меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е 367. Најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа  ВМРО-ДПМНЕ – 26.135, СДСМ – 25.828, Беса има 25.054, Алијанса за Албанците- 17.970, ДПА -16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 239.

Според добиените гласови, најмногу пратеници,  6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.

АКО.мк актуелно-објективно