Симулација на СДСМ за освоени пратенички мандати

Според симулацијата што ја направи компјутерскиот центар на СДСМ според досега избројани гласови, СДСМ има освоено 52, а ВМРО ДПМНЕ би требало да има освоени 51 пратенички места. Според оваа симулација ДУИ има освоено 8, 3 Алијанса на албанци, БЕСА 5, ДПА 2. Според оваа симулација партиите на албанците губат од 8 до 10 пратенички места, кои најверојатно се слеале во СДСМ.

Напоменуваме дека ова е симулација на досега пребројани гласови според податоци на СДСМ.