,,Симфонија на паѓањето“ со театар ,,Чекори“

По повод Меѓународниот ден на театарот, Театар „Чекори“ ќе ја изведе претставата „Симфонија на паѓањето“. Таа е своевиден колаж на делата на Данил Хармс, култна фигура во авангардната книжевност во Русија, подеднакво интригантен и за публиката и за академската јавност. Хармс e основач на уметничката група ОБЕРИУ, a автор е на инспиративни стихови и куси раскази. Теологот на апсурдот, како што меѓу другото е нарекуван, и неговите дела се во опусот на ансамблот на „Чекори“. Во негоиот свет преку неговите дела, конципирани и поставени како една целина, може да се влезе преку еден театарски миг, односно 1 час и 40 минути, Толку што трае претставата, за која билетите чинат 150 денари, а ќе можете да ја видите на на 27-ми Март во МКЦ во 20 :00 часот. Билетите можете да ги купите во претпродажба во МКЦ.