Синдикатите наместо на традиционален Првомајски протест, ќе одат на свечена седница во Владата

Економскиот социјален совет (ЕСС), како трипартитно тело, формирано од Владата на Република Македонија и социјалните партнери за водење на социјален дијалог и создавање на услови за економска и социјална стабилност, денеска на меѓународниот Ден на трудот-1 Мај, ќе одржи свечена седница во Владата на Република Македонија.

На седницата ќе присуствуваат премиерот на Република Македонија Зоран Заев и членовите на ЕСС, односно претставници на Синдикатите, работодавците и ресорните министерства.

Во холот на Владата на РМ ќе се одржи прес-конференција на којашто ќе се обратат премиерот Зоран Заев, министрите Мила Царовска, Драган Тевдовски и други претставници на ЕСС-, информира прес службата на Влада на РМ.

Претставниците на ССМ веќе се изјаснија дека немаат намера да одат на Првомајски протест, туку тие ќе ја продолжат политиката на социјален дијалог со Владата.