Синиша Михајловиќ има леукемија!

Познатиот српски тренер, поранешен фудбалер, Синиша Михајловиќ на прес конференција откри дека боледува од леукемија.

Оваа лоша вест тој ја соопшти откако утрината италијанските медиуми објавија дека се повлекува од тренерското место во Болоња заради неопходно лекување и влошена здравствена состојба.

,,Не сакам да кријам, имам леукемија“ -изјави Михајловиќ.

,,Кога дознав, плачев со денови, но секако ќе се соочам со оваа тешка болест“-рече популарниот Србин.

Тој доби огромна поддршка и од клубот и од неговите пријатели, семејството, обожувачите.