Синоличка Трпкова: Олош како овде немам сретнато, може е време куферите пак да се пакуваат!

,,Реков нема да се правдам, а ова е за нештата да бидат појасни : Ја изгубив мајка ми на 23 год, во врвот на мојата кариера. Околностите беа такви што останав сама и морав да правам работи што ме траснаа од земја. Потем го изгубив првото дете на породување. По кратко, починаа и дедо ми и баба ми со кои израснав. Кога го родив второто дете првиот сопруг си замина. Бев самохрана мајка (семејството ме поддржа и помогна безрезервно како и секогаш)…па успеав да застанам пак на нозе. Да, имам втор брак и многу преселби и почнувања од нула. И сум хронично болна од 2008 год. Ќора сум на едно око. Не, не се жалам ич. Но, кога ќе го вадат “долниот” веш, луѓето успеваат да изградат слики за мене, коишто немаат ама баш никаква допирна точка со мене. Секако имам направено грешки – сум ги давала и срцето и душата на луѓе коишто тоа не го почитувале. И во сето ова морам да потенцирам – сум патувала и сум живеела на различни континенти, но таков олош од луѓе како овде – не сретнав. Може е време куферите да се спремат. И онака уште не сум дораспакувана од последнтата преселба.”-ФБ статус на Синoличка Трпкова, актер, професор, борец против неправда, за демократија, поддржувач и учесник во Шарена револуција. Често е мета на напади во медиуми блиски до ВМРО ДПМНЕ во нарачи текстови. Ова е одговор на сите такви напади или кога ќе го чуеш она за себе што и самиот не го знаеш.

АКО.мк