Деветгодишниот син на еден од најискусните фудбалери на европскиот шампион Реал Мадрид, Бразилецот Марсело, од својот татко не је наследил само бушавата коса, туку и фудбалските гени. Малиот Енцо веќе почна да чекори по стапките на тато и во соблекувалната на Реал полна со фудбалски велемајстори ги демонстрираше своите фудбалски способности. Синот на Марсело покажа дека има одлична контрола на топката, посебно во играта со глава.