Синот на пациентот на кого му беше трансплантирано срце изрази сочувство и голема благодарност на семејството на Емилија Динева

Синот на Иван Огњановски, пациентот кај кого е донирано срцето при првата трансплантација во Македонија, Васил Огњановски, денеска во изјава за медиумите упати големо сочувство до фамилијата и голема благодарност затоа што со донирањето спасиле три животи, од кои еден е животот на неговиот татко.

Тој посочи дека сѐ се случило многу брзо. Им било јавено пред два дена дека е најдено срце и дека ќе биде извршена првата ваква трансплантација кај нас.

Изјавата ја презедовме од ТВ 21.