Иван Ѓакиќ, син на хрватскиот пратеник од редовите на ХДЗ, Јосип Ѓакиќ, на скандалозен начин им го честиташе Божик на хрватските Срби.

Тој на својот ФБ профил објави фотографија на усташ со исечена глава на Србин во рацете.

Оваа грозна објава предизвика бура на реакции и осуда во Хрватска и Србија.

Порталот Индекс.хр, кој ја објави информацијата, го побарала 22 годишниот раскалаштен татин син и тој потврдил дека го сторил тоа, но рекол дека згрешил и дека се извинува.

Но, Иван Ѓакиќ е познат како крајно безобразен и дрзок. Тој се фали со скапи автомобили, прави проблеми и ја предизвикува јавноста со изјавите дека никој ништо не му може.