Сиромаштијата не е случајна

Општина Центар и проектот ,,Среќа” организираат кампања за борба против сиромаштијата. На меѓународниот ден за справување со сиромаштијата, на иницијатива на претседателката на здружението ,,Среќа” Кристина Арнаудова, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика и општина Центар објавија дека ќе започнат системска борба против ова социјално-општествен проблем.