Систина-Финзи Кардиологија дел од мрежата на ,,Трезор”

Според доказите со кои располага СЈО за груба злоупотреба на пари од буџетот при набавка на опрема за прислушување од фирма од Велика Британија дел од парите кои се прибавени како противправна имотна корист, завршиле и на фирма регистрирана како Систина – Финзи Кардиологија.

Минатата недела СЈО го објави случајот ,,Трезор” и меѓу другото според доказите правното лице ДТУ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје кое е основано во 18.08.2009 година, од правно лице од САД. До крајот на 2010, кога му е доделена работата од МВР за набавка на предметната опрема, единствено што работел овој правен субјект е што има зголемување на основната главнина со 650.000 евра паричен влог. Овие средства се префрлени од сметката на Финзи САД, кој била отворена на Кипар, на сметката на Финзи ДООЕЛ Скопје. Потоа истите средства се префрлаат како влог во правното лице Си-фи кар (Систина – Финзи Кардиологија).

При оваа криминална зделка во која учествувале три лица тогаш вработени во УБК и една службеничка од МВР, буџетот е оштетен за 862 илјдади евра.

Фирмата преку која се префрлени дел од парите носи сличен назив како фирмата која сега е предмет на ликвидација Систина Медикал- но оваа е за гинекологија и акушерство.

(Р.А.)