Македонија вечерва ја пречекува Летонија, прв натпревар за двете селекции во квалификацискиот циклус за ЕП 2020.

Македонија важи за фаворит на оваа средба од која селекторот Игор Ангеловски очекува победа и ништо друго. Не ја потценуваме Летонија но ние ќе играме офанзивно и на победа потенцираше Ангеловски .

Очекувам да бидеме на она ниво кое бевме во минатите натпревари. Да одиграме максимално и да оствариме победа. Ние сме подготовени. Јас кажав дека е задоволство да се работи со овие момци, и најдоброто издание го очекувам во следните натпревари. Длабоко верувам во нив и допрва од нив ги очекувам најдобрите натпревари. Јасно ми е на мене и на фудбалерите дека нема лесни противници и така ќе играме на секој натпревар. Најсилното оружје на Летонија се прекините и тие воздушни дуели, и мора да внимаваме на тие сегменти. Постојат и слабости, и се надевам дека ќе ги искористиме“, изјави селекторот Игор Ангеловски .

Капитенот на макеодонската репрезентација , Горан Пандев слави јубилеј 100. настап во националниот дрес, тоа е дополнителна причина да се наполни арената „Филип Втори“ .

Македонија и Летонија се среќаваат по втор пат, досега имаме една победа на пријателски натпревар од 2-1, сакаме нов триумф вечерва од 20-45 со пренос на Спортклуб 1.