Aвтенитично облечена и расположена, Атиџе , која е последната жена одгледувач на диви пчели во Европа, ги собра симпатиите на публиката, и на големото платно и со своето присуство во скопското кино „Милениум“ , каде завчера беше премиерата на македонскиот документарен филм ,,Honeyland“, или на македонски ,,Медена земја“.






Филмот Медена земја на режисерката Тамара Котевска, доби три награди на фестивалот Санденс – за најдобар документарец, специјална награда за општествени промени и награди за снимателите Фејми Даут и Самир Љума.
