Сите сме на располагање на партијата

,,Сите стоиме на располагање на партијата” – порача Антонио Милошоски од Битола во друштво на градоначалникот Владимир Талески.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, попладнево дојде во Битола и од партиските простории даде изјава за медиумите, а грбот му го чуваше битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој три месеци помина во куќен притвор како првоосмничен во случајот „Транспортер“ на СЈО. На прес-конференцијата беа и досегашните пратеници од Битола, советници и локални функционери.

%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%be%d0%bd%d0%b8%d0%be2

Милошоски кој во изминатите изборни циклуси беше носител на кандидатската листа за пратеници во 5 изборна единица, овој пат не кажа во какво својство настапува на прес конференција во Битола, а на новинарско прашање дали ќе ја предводи листата и на престојните избори, рече дека партијата се уште не донела одлука, но најави дека ќе има и освежување.

-Не е се уште одлучено кои ќе бидат кандидати за пратеници и кои ќе бидат носители, а политичката партија ќе одлучи дополнително, преку централниот комитет, извршниот комитет и другите органи на партијата, но ние сите стоиме на располагање. Се надеваме дека ќе имаме една добра комбинација, на одреден континуитет и одредено освежување на кандидатските листи, за да можеме да внесеме и нова енергија во оваа политичка изборна битка, која очекуваме да биде фер плеј, рече Милошоски во Битола.

Иако не откри имиња за кандидатските листи за пратеници, Милошоски се пофали дека во предизборната кампања во 5-та Изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусира на проекти за привлекување нови странски инвестиции, нови инфраструктурни проекти и проекти во областа на образованието, земјоделието и здравството