Манчестер Сити запиша рутинска победа против Евертон на гости со 2-0 и со натпревар повеќе во моментов е на првата позиција во Премиерлигата.

Ова беше натпревар од 27 коло, Сити со головите на Лапорт во 45 минута и Хесус во 90 минута славеше победа на „Гудисон Парк“ . Ова беше важна победа за Сити кој во следното коло се среќава со Челзи.