Сијарто искрши јазик на македонски за спас на Груевски(видео)

 

 

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на митингот на ВМРО ДПМНЕ во Штип , својот девет минутен говор од бината го читаше на македонски јазик. Под претпоставка дека го знае македонскиот јазик и дека знае што читал, тој во име на Унгарија и унгарскиот народ , како што рече, му даде отворена поддршка на Никола Груевски.

Правејќи паралела со состојбата во неговата држава за време на мигрантската криза, тој ја нападна меѓународната заедница и невладините организации дека сакаат да се мешаат во внатрешните работи на Македонија, и порача да не потклекнат(Груевски и присутните граѓани) и да издржат до крај. Неговиот говор беше прекинуван со аплауз и револуционерни песни.

Сијарто ги повика граѓаните да им дадат поддршка на Груевски и на ВМРО ДПМНЕ и на овие избори и порача дека Унгарија сака и во иднина да соработува со оваа владејачка гарнитура.

Во рок од неколку денови ова е втор актуелен министер во држава членка на ЕУ кој доаѓа на митинг и не само во име на нивните сестрински демохристијански партии, туку и во име на владите, државите од каде доаѓаат , им даваат поддршка на ВМРО ДПМНЕ.

Себастијан Курц и Петер Сијарто му се заблагодарија на нивниот близок пријател и колега Никола Поповски, како што рекоа,  за поканите да присуствуваат на митинзите на ВМРО ДПМНЕ.