Скандалозно: За Груевски гласачите на опозициската коалиција се малцинство Македонци

Во соопштението на ВМРО ДПМНЕ во кое на долго и нашироко се објаснува што и рекол Никола Груевски на турската амбасадорка на средбата во седиштетео на паартија буквално се вели:

,,Како што не сакаат помалите етнички заедници да бидат изиграни и надгласани за еден ваков закон(се мисли на закон за јазици) од мнозинската заедница-македонската, исто така и МНОЗИНСКАТА ЗАЕДНИЦА НА МАКЕДОНЦИ не сака и нема да дозволи да биде надгласана од коалиција составена од МАЛЦИНСТВОТО МАКЕДОНЦИ во Парламентот со сите албански партии и пратеници во истиот. “

Оваа скандалозна поделба на мнозинство Македонци и малцинство Македонци е најновото од арсеналот поделби на ВМРО ДПМНЕ и на Никола Груевски.

Во делот од соопштението што се однесување на надгласувањето во Парламент кога се применува принципот на Бадентер, пишува:

,,Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се посочи дека очигледно е дека одредени партии сакаат да ја заобиколат партијата која освои мнозинство гласови на предвремените парламентарни избори и сакаат на тој начин да ги остварат целите поврзани со Законот за употреба на јазиците.

ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ако за  носење на измени на закон кој го засега малцинството е потребен т.н. Бадентер или мнозинство од немнозинските заедници, тогаш треба да им е јасно дека за измена на таков закон потребна е и поддршка од мнозинството на мнозинската зедница, поточно потребно е и мнозинство од Македонците во парламентот.

Како што не сакаат помалите етнички заедници да бидат изиграни и надгласани за еден ваков закон од мнозинската заедница-македонската, исто така и мнозинската зедница на Македонци не сака и нема да дозволи да биде надгласана од коалиција составена од малцинството Македонци во парламентот со сите албански партии и пратеници во истиот. 

Амбасадорката запраша дали новите предвремени избори ќе дадаат соодветен резултат за надминување на постојната состојба на што Груевски посочи дека на нив гледа како шанса за држвата, во спротивно алтернативата е континуирано кризирање. Подобро е да ја добиеме можноста и шансата, отколку да кризираме во континуитет беше одговорот на ВМРО-ДПМНЕ. Подобро да се потрошат нови два месеци за нови избори, отколку нови шест месеци, или година заглавени во политичка криза.

Амбасадорката на Турција Еркал Кара истакна дека се зборува за можноста за коалицирање на СДСМ со другите партии, на што од партијата беше посочено дека се е можно, но тоа ќе значи трајно напуштање на воспоставениот принцип победникот кај Македонците да коалицира со победникот кај албанските партии и гласачи. Напуштањето на тој принцип би бил иверзибилен процес, процес на кој ќе му нема враќање назад.

Во разговорот се дискутираше и за актуелната политичка ситуација во Турција, случувањата во оваа пријателска земја и предизвиците со кои истата се соочува.

На крајот соговорниците изразија надеж за продлабочување на одличната соработка меѓу двете држави на сите нивоа од заеднички интерес“.-(Соопштение на ВМРО ДПМНЕ)

АКО.мк