Скандалозно признание на министерот Филипче дека глумеле вакцинирање на внуката со МРП вакцина

Вие на Фејсбук објавивте дека ја вакциниравте вашата внука Илина, но потоа имаше реакции на Фејсбук дека тоа не е вакцина против морбили. Дали има грешки кај вашата ПР служба во кампањата за докажување на безбедноста на вакцините?-го прашаа од редакцијата на Радио Слободна Европа министерот  Филипче по појавата на оваа фотографија пред неколку недели:

Министерот Филипче одговори:

,,Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП(вакцина против морбили,рубеола и паротитис), меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“-вели Филипче.

Но, реакциите се однесуваа и на тоа дека не се прават кампањи со делумни информации, затоа што иглата при вакцинацијата била со капаче, прашува новинарот на РСЕ.

,,Станува збор за еден адаптер кој се надоврзува на шприцот и потоа е иглата, очигледно беше таков аголот на сликање па иглата не се гледаше. Но, многу се сериозни антивакциналните кампањи. Тие се сериозен ризик, загрозување на јавното здравје. За да се каже таква работа, за да се верува во таква работа мора да се има предвид дека се загрозува колективниот имунитет, заради тоа што се компромитира вистинската порака. Сето тоа дека е капаче, дека вакцините се поврзуваат со разни болести , дека постојат искуства дека одредени болести се поврзани со вакцините се лажни вести“-вели Филипче.

Ова неверојатно признание на Филипче доаѓа по серијата скандали околу вакцините против МРП, погрешни декларации и антивакцинална кампања.