Државниот просветен инспекторат испратил инспекција во  основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, за да утврди кој и зошто дозволил во училиште да се реализира верски обред. На социјалните мрежи излезе видео од ифтарска вечера во холот на училиштето, на кое се гледа како стотина ученици седнати во училишните клупи заедно со повозрасни лица ја слушаат молитвата од оџата искачен на скалите во училишниот хол.

Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ се наоѓа во строгиот центар на Радовиш,  само на 50 метри од општината.  Од ФБ страницата на која беше објавен овој верски обред, сега е тргнато видеото.