Скандал: Судски совет го врати Јово Вангеловски на чело на Врховен суд

По кратка постапка, на вонредна седница Судски совет го именуваше  за Претседател на Врховен суд кумот на Трајко Велјановски -Јово Вангеловски. Тој беше еден од кандидатите, но како инволвиран во разни сомнителки зделки и познат по неговата блискост со врхушката на ВМРО ДПМНЕ, ова е најскандалозното можно решение за челната позиција на највисоката судска инстанца.

Невидено во судската пракса е и именувањето за В.Д претседател на Стојанче Рибарев, на Кривичен суд, до неодамна прв човек на штипска Апелација, а од неодамна и Врховен судија.

Со ова само се потврдува грубата злоупотреба на позициите во правосудниот систем и повторно екипирање со послушници и блиски фамилијарни луѓе до првите луѓе на ВМРО ДПМНЕ кои грчевито се борат да останат на власт за да не одговараат за сторените дела произлезени од прислушуваните разговори, а за кои СЈО има цврсти докази.

Денеска исто така, Ѓорге Иванов советуван од брачниот пар Филимена и Михајло Маневски објави дека намера да го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

АКО.мк