Славе Николов  и Ѓорѓи Начевски ке ја делат правдата на дербито од групата Ц, во директна пресметка за првата позиција се среќаваат Данска и Норвешка . Двете селекции имаат по 8 бода и победникот од овој меч ќе пренесе максимален број на бодови во следната фаза на Мундијалот. 

За Николов и Начевски  ова е четврти натпревар на Мундијалот, претходно судеа на средбите, Шведска – Египет, Катар – Унгарија  и Аргентина – Ангола.  Натпреварот меѓу Данска  и Норвешка се игра во вечерниот термин од  20-30 часот.