Репрезентацијата на Норвешка ја совалда Шведска со 30-27 и ги зголеми шансите за пласман во полуфиналето на Мундијалот.

Најдобар поединец на мечот, Магнус Јондал кај Норвешка, тој постигна 11 гола од 12 шута, Сандер Сагосен натпреварот го заврши со 7 голови. Кај селекцијата на Шведска се истакнаа, Нилсон и Ване со по пет голови. Норвешка и Шведска во Групата 2 имаат по шест бода, прва е селекцијата на Данска исто така со 6 бода но и натпревар помалку, оној со Тунис кој се игра вечерва .