Скопје и Тетово жаришта на коронавирус со широка трансмисија на ширење

Вчера во Скопје имаше 89 нови случаи на коронавирус од 124 вкупно на територија на Македонија.

Чаир и натаму е на врвот од активни случаи и по завчерашниот ден кога беа регистрирани само 3 нови, вчера има 19 новозаразени. Расте бројката и во Гази Баба, Аеродром и Центар.

Покрај Скопје, и Тетово и Штип се жаришта на коронавирус, со таа разлика што во Штип трансмисијата е локализирана.

Чаир214
Гази Баба79
Аеродром78
Бутел76
Центар75
Карпош71
Сарај65
Кисела Вода43
Ѓорче Петров35
Шуто Оризари26
Студеничани24
Арачиново24
Илинден19
Петровец6
Чучер Сандево4
Сопиште3
странец2
Тетово145
Тетово94
Теарце22
Боговиње12
Јегуновце7
Брвеница5
Желино5

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

  • Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
  • Штип е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
  • Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).