Слаб земјотрес во Источна Македонија

Утрината во 7 часот и 58 минути, почувствуван е слаб земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала.

Според Европската сеизмолошка станица епицентарот на земјотресот бил во Делчево, на длабочина од 2 километри, или на 10 кимлометри од Пехчево.

Вчера и во Скопје околу пладне беше почувствуван земјотрес со јачина од 2.6 степени со епицентар пет километри источно од Скопје.

Изминатиот месец, регионот е зафатен од континуирани потреси на тлото, а на 11-ти септември во Скопје беше почувствуван силен земјотрес од 5,3 степени, кој предизвика голема вознемиреност кај населението.