Слави со срце, не со оружје#КОЈГОУБИДЕДОМРАЗ

Националната комисија за мало и лесно оружје во соработка со Министерството за внатрешни работи и UNDP/SEESAC, во рамки на Националната стратегија и Акциониот план, во периодот од 15.12.2016 до 15.01.2017 година, ќе спроведе превентивна акција „Слави со срце, не со оружје“. Акцијата, која ќе се спроведе на целата територија на Република Македонија во пресрет и за време на Новогодишните и Божиќните празници има цел зголемување на свеста кај граѓаните за некористење на оружје за време на претстојните прослави.Според Претседателот на Националната комисија за мало и лесно оружје и Државен секретар во Министерството за внатрешни работи, м-р Сања Димитриевска, идејата е да се допре до секој граѓанин со предупредување за опасноста од користење на оружје. Димитриевска порачува- Славете со срце, не со оружје.

Во рамки на превентивната акција, на официјалната Facebook страна на Националната комисија за мало и лесно оружје, ќе бидат поставени рекламни материјали со хаштаг #КОЈГОУБИДЕДОМРАЗ.