Слободан Богоевски сака да стане пратеник

Со слоганот ,,Не се плашете, режимот паѓа’ Коалицијата за промени ќе ги бара гласовите на граѓаните.

Тие ги објавија носителите на листите по изборни единици и како ,,освежување” го нудат поранешниот разузнавач Слободан Богоевски во ИЕ 4, Павле Трајанов ќе биде предводник во ИЕ 1, а Јове Кекеновски во ИЕ 2.

Оваа коалиција ја сочинуваат ДС на Трајанов, ФРОДЕМ на Кекеновски ДЕМОС на Емил Атанасов и МОРО на Горан Зафировски.

На конвенцијата коалицијата ги претстави и другите носители Весна Стојменовска во ИЕ 3, Александар Делов во ИЕ 5 и Бранко Мајсторовски во 6.