На Мундијалот во Германија  и Данска за репрезентацијата на Македонија денеска е слободен ден. Нашиот национален тим на отварањето ја совлада Јапонија, утрешниот наш противник Бахреин убедливо беше поразен од големиот фаворит Шпанија со 33-23  во последниот меч од првото коло во групата. 

  Според квалитетот на двете селекции и прикажаното во првото коло а и според рејтингот , Македонија важи за фаворит против Бахреин. Сепак , Кире Лазаров предупредува дека нема лесни противници и дека Бахреин треба да се свати сериозно и да се одигра без потценување. 

Кирил Лазаров

Распоред на натпреварите – 2 коло( недела ) :

Група Б

Македонија – Бахреин 14-00ч. ( Пренос на МТВ 1  и Аренаспорт МК )

Хрватска – Јапонија 16-30ч. 

Шпанија – Исланд 19-00ч.