Словачкиот министер за култура поднесе оставка заради убиството на новинарат Јан Куцијак

Словачкиот министер за култура, Марек Мадарик,  поднесе оставка по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак.

„Искрено кажано, како министер за култура не можам да поднесам еден новинар да биде убиен за време на мојот мандат“, рече Мадарик на прес-конференцијата, која беше директно пренесувана на телевизија.

Убиениот новинар Јан Куцијак (27) известувал за кривичните дела на бизнисмени, од кои некои биле поврзани со политичари.

Сите словачки медиуми утрово ја објавија незавршената приказна на која работел убиениот истражувачки новинар, пренесе ЕУ обзервер.

Приказната на Куцијак ја наведува вмешаноста на италијански претприемач, поврзан со калабриската мафија , со словачки фирми и компании кои се занимаваат со енергетика.

Телото на Куцијак и неговата девојка минатата недела се пронајдени во нивната куќа, источно од главниот град Братислава.