Словенечкиот министер за култура поднесе оставка по самоубиството на вработен во министерството

Дејан Прешичек, министер за култура во Влада на Република Словенија, поднесе оставка по обвинувањата за мобинг.

Прешичек неодамна се најде на удар во медиумите по обвинувањата за мобинг во Министерството за култура, а целата приказна кулминираше со самоубиство на еден од вработените.

Според словенечките медиуми, човекот што извршил самоубиство е татко на три деца, боледувал од рак и постојано се жалел дека му се врши притисок од министерот и неговите најблиски соработници.

Министерот во оставка, ги отфрли обвинувањата за мобинг, но признал дека го користел службениот автомобил за приватни цели, за што исто беше обвинет.

Во писмото до премиерот , Марјан Шарец, министерот Прешичек пишува дека неоправдано бил изложен најавен линч и дека тој не е човек без чувства, како што го претставиле медиумите.

И покрај сѐ, РТ Словенија неофицијално извести вчера дека премиерот нема да ја прифати оставката на својот министер.

Фото: Дејан Прешичек, министер за култура на Словенија, скасафонист и професор по музика