Словенија е можно место за прва средба Трамп-Путин

За време на посетата на словенечкиот Претседател Борут Пахор на Москва, по состанокот, рускиот Претседател Владимир Путин изјави дека нема против да се сретне со американскиот Претседател Доналд Трамп во Словенија, која веќе се понуди да биде организатор на една таква средба.

Според Путин, тоа е во ред, бидејќи имал веќе таква средба со американски Претседател во 2001 година кога на чело на американската држава беше Џорџ Буш, но дека сега зависи од повеќе фактори.

Рускиот Претседател однапред се заблагодари за словенечката иницијатива, а медиумите потсетуваат дека тоа би било интересно заради словенечките корени на Првата дама Меланија Трамп.

 

Москва очекува администрацијата на Трамп да се подготви за дијалогот, но Путин укажал дека Америка и Русија може заеднички да работат на борбата против тероризмот .