Што е травестија? Буквално, преведено од италијански јазик тоа значи-пресоблекување. А травестија како пародиски жанр постигнува ефект на комедија-односно расчекор меѓу содржината и формата-пишува колумнистот Теофил Панчиќ за РСЕ на српски јазик и дава конкретен пример. Еве дел од неговиот коментар:

,,Еве актуелен пример. Власта во Република Србија испраќа тенк кон Косовска Митровица, но претходно ќе го облече како воз. А може и обратно:испраќа воз, но ќе го облече како тенк. Кога ќе го погледнете делува како воз, ги има сите технички карактеристики на воз. Меѓутоа, дизајниран е борбено, како да е тенк, а  целата негова симболика во оваа мисија е тенковска.

Формата значи е на воз, но содржината-тенк. Интересно е всушност дека никој не спомнуваше никакви тенкови, дури на властите во Приштина, се додека тој поим во игра не го уфрли самиот српски премиер Александар Вучиќ, кој имаше потреба да подвлече-,,Испративме воз, а не тенк,,. Тоа веројатно во случај никој дотогаш да не забележал дека всушност испратиле тенк, па ете му избегала поентата на вицот. Велат, дека не се добри оние вицови кои треба дополнително да ги објаснувате, но ете, можеби има исклучок,,.

,,Со возот што го испрати српската власт во Косовска Митровица се е обратно: билетите не се задолжителни, но политичко-територијалната порака-да. Таа е целта на патувањето, кое , како што гледаме и не мора да се заврши во Митровица, важно е дека пораката е испратена-а евентуалниот превоз на луѓе и стоки за цивилни потреби е попатна дејност”- пишува во својата колумна Теофил Панчиќ за RSE.

АКО.мк