Смртоносната епидемија на ебола во Конго е закана за целиот свет

Смртоносната епидемија на ебола во Конго, која зафати двомилионски град во оваа земја, е прогласена за меѓународна здравствена криза од страна на Светска здравствена организација.

Од август минатата година во овој регион на Конго од ебола починале 1.600 луѓе.

Оваа недела е потврден случај на заболен од ебола во градот Гома кој е на крстосницата кон границата со Руанда, што го подигна алармот за прелевање на болеста надвор од границите на Конго.

СЗО се двоумеше со прогласување на меѓународна криза заради опасност од затворање на границите, но од друга страна се стравува да не се повтори смртноста од пред неколку години кога во западна Африка починаа 11.000 лица од ебола.