Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид  сообраќај. Исто така патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден поради големи снежни наноси-известуваат од Авто-мото сојузот на Македонија..

Еве го нивниот последен билтен:

ПОНЕДЕЛНИК, 16 ЈАНУАРИ 2017 09:25:00

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА:Забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена на планинските превои Плетвар, Стража, Пресека и на патниот правец од крак Маврово кон Дебар и обратно.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ:Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден поради големи снежни наноси.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонијапат.

Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Стража, Кичево, Македонски Брод, Железнец, Буково, Ресен, Ѓавато, Битола, Прилеп, Плетвар, Гевгелија, Удово, Демир Капија, Неготино, Велес и Кула.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.