Снегот не го прочисти воздухот во Лисиче, Ректорат и Гази Баба

Спротивно од очекувањата снегот сепак не ја расчисти прашината и загаденоста од најкритичните точки во Скопје и тоа во населбите Лисиче и Гази Баба, како и кај Ректорат.

Мерните инструменти на овие пунктови покажуваат висока концентрација на ПМ честички и тоа кај Ректорат 291, во Лисиче 272 и во Гази Баба 186.

За разлика од претпладнето, во Карпош и Центар се намалени штетните честички и тие сега изнесуваат 49, односно 44 ПМ честички , што е под максимално дозволената од 50.

Во Куманово воздухот бележи многу мала концентрациај на ПМ честички, дури од претпладнето намалена за неколку единици и сега таа изнесува 21 ПМ на метар кубен.

Но, мерењата покажуваат големи концентрации на овие честички во  Битола , дури 159 ПМ на метар кубен воздух.

АКО.мк актуелно-објективно