Снег во Македонија

Засилен ветер, намалување на температурата  и снег е прогнозата за денеска и за наредните денови. Од утрината почна да паѓа снег на повеќе места низ Македонија. На Попова Шапка и во Маврово веќе е формирана снежна покривка од неколку сантиметри. Забелува на Водно, Крива Паланка, Берово, а вее и на патните превои Стража и Ѓавато.

На патниот превој Ѓавато воведена е забрана за движење на камиони.