Снег на Попова Шапка

(обновено)На Попова Шапка, најголемиот и најпознат македонски зимски туристички центар, вчера започна да паѓа снег на радост на многубројните туристи и викендаши кои престојуваат тука за новогодишните и божикни празници. Но, изминатата ноќ паднаа само од 3-5 сантиметри снег, иако според најавите на метеоролозите деновиве се очекува поголема снежна покривка дури и над половина метар што не е невообичаено за овој скијачки центар. Сепак, последните две три години имаше недостиг на потребното количество снег неопходен за добро скијање.

Граѓаните да бидат подготвени за поекстремни  временски услови во наредните шест-седум дена со ниски температури до минус 22 степени, снег и замрзнат дожд, предупредија од УХМР. АМСМ пак предупредува да не се тргнува на пат без соодветна зимска опрема за автомобилите , вклучувајќи зимски гуми или синџири.

Се најавува  поларен бран од Сибир којшто ќе ја покрие целата територија на Балканот. Промената ќе почне со дожд и снег на повисоките места, а не е исклучена и појава на леден дожд.

Веќе во четврток со снег ќе биде зафатена целата територија на Македонија, а на повисоките места покривката треба да биде над 50 сантиметри. Ќе дува студен ветер од северозападен правец, а температурите ќе паднат  под нулата. Во петок, сабота и недела се очекуават дневни температури  до минус десет, а ноќните и до минус 22 степени.

Службите на ЈП „Македонија пат“се распоредени на 37 пунктови на цела територија и деноноќно дежураат, со втор степен за зимско одржување-информираа од ова претпријатие.

Сепак, ова не е првпат и невообичаена временска ситуција во Македонија, каде зимските температури се спуштале и до минус 27 степени, а снежната покривка на планините достигнувала и над еден метар како на пример во 2012 година на Попова Шапка што се гледа од фотографиите.

15822656_1838229203098696_1646359047720716998_n15826757_1838229206432029_4368685728641467184_n

 

AKO.mk актуелно-објективно