Снег низ цела Македонија

Од ноќеска(10.01.2017) снег врне низ целата држава, иако со послаб интензитет. Меѓутоа, остануваат ниските температури па утрината се измерени температури од -10 во Струмица , -12 во Скопје  Битола и Охрид, -15 во Берово.

АМСМ предупредува дека на вообичаените планински премини е забрането движење за тешки товарни возила, а трет ден е блокиран патот кон Ресен во месноста Баир во Прилеп и тој се пренасочува.

Извештај на АМСМ од 8 часот:

 

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на крак Маврово – Дебар.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 08.01.2017 година од 16:45 часот, магистралниот пат А3 Ресен-Битола-Прилеп, кај м.в.„Баир“, е блокиран за сообраќај и се пренасочува низ центарот на градот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.