Снегот ги изненади Словенците и Италијаните, но во вистинска смисла на зборот. Планински врвови во овие две земји осамнаа утрото под снег, а на места снежната покривка достигна и до 30 сантиметри, објавија словенечките медиуми.

Врвот  Мангарт седло (2050 метри надморска височина), е зимско снежно бел. Центарот за помош на патиштата информираше дека патот кон Мангарт, Стрмец-Мангарт, е затворен поради снежни наноси.

Порталот neurje.si известува дека покрај Кредерица, исто така, снег има на Вршич, Канин и на други места над 1.700 м надморска височина.  На патот кон Вршич е потребна зимска опрема.

Вчудовидувачки фотографии и видео доаѓаат од Италија, посебно од скијачкиот регион Алта Бадија, каде што падна 30 сантиметри снег.

Скијачката патека,  популарна меѓу Словенците, која се наоѓа во Доломитите на надморска височина помеѓу 1324 и 2250 метри е подготвена за скијачите. На 3343 метри во италијанската Marmolada, наврнал 35 см снег.

 

 

Извор:Свет24