Исчезнатиот Пертеф Назим-Пепи, е пронајден мртов во реката Лепенец, потврди негова внука по веста дека е пронајдено машко тело во фаза на распаѓање.

Фотографијата од Пепи дваесетина дена циркулираше низ социјалните мрежи, во обид да се пронајде тој откако излезе од дома во пижами  и не се врати.

Пертеф Назим сиот свој работен век рботеше во МРТВ   како снимател. Покрај покривање на секојдневни настани и емисии во живо,  има снимено бројни документарци низ Македонија, но и од Куба, Шкотска и во други земји. Снимаше во Сараево на зимската олимпијада, светското првенство во кајак на Треска, кога падна во реката, ама ја спаси камерата, раскажуваат негови пријатели.

 Снимаше и во Словенија кога започна војната во бивша Југославија.

Неговите колеги кои работеа со него, имаат само пофални зборови за Пепи.

 Пертеф Назим боледиваше од алцхајмерова болест.