Гостин во едно од кафулињата на сплитското шеталиште, воодушевен од убавото време, со својот телефон сакал да овековечи едрилица во морето. Прегледувајќи ја после снимаката, кога веќе му станало јасно дека имало инцидент во кој хулигани ги нападнале српските ватерполисти, сфатил дека го регистрирал моментот кога еден од насилниците го бркал српскиот ватерполист, Алесандро Краљ.
Човекот сака да остане анонимен, но со неговата снимка практично се откриени напаѓачите. Вели дека додека седел на шеталиштето, видел дека има некоја гужва, но не можел да сфати што се случува поради мноштво луѓе кои се шетале.