Во очи инаугурацијата на 45 американски претседател Доналд Трамп, телвизијата СНН ја разгледа варијантата, предвидена со Устав во случај на убиство на претседателот на неговата инаугурација, но и на потпретседателот и водечките луѓе во Конгресот.

Според американскиот Устав, во таков случај нив ги заменува претседателот на Горниот дом на Конгресот, а него го заменува привремен претседател на Сенатот.

Американскиот Устав ги предвидел сите можни несакани ситуации, па во случај да бидат онеспособени и другите со Устав предвидени заменици, постои т.н. дежурен наследник, тоа е еден од министрите, но неговото име никогаш не се објавува, а тој се чува со најголеми мерки на безбедност на тајна локација. Во случај на организирано онеспособување или ликвидација на претседателот, потпретседателот и другите нивни евентуални заменици, на чинот на инаугурација веднаш доаѓа дежурниот наследник.

Но, едно е јасно дека ништо не смее да ја спречи инаугурацијата на нов американски претседател и не смее да остане државата во ниту еден момент без раководство.

Инаку, Трамп со сопругата и членови на семејството пристигнаа во Вашингтон. Свечено примопредавање на претседателската должност ќе чини повеќе од 200 милиони долари.