Сите патишта водат кон Белград на големиот собир на приврзаниците на Српска напредна странка и нејзиниот претседател Александар Вучиќ.

Овој своевиден контра митинг на опозицијата, е организиран за да им се покаже на противниците на Вучиќ колкава поддршка тој има кај народот.

СНС организираше бесплатни автобуси за да ги донесат луѓето од сите делови на Србија, Косово и Метохија и Република Српска.

Со транспаренти -Ацо со тебе сме, Белград, Требиње, Лесковац и така натаму за Вучиќ, се полни платото пред претседателската палата во Белград.

Главниот град на Србија е буквално блокиран од стотици автобуси, а луѓето неможејќи да се превезат до целта, се симнуваат од нив и заминуваат пешки.